Skip to main content

Удрил во два пешака и избегал – детали за несреќата кај Крива Паланка

Вчера во 17.20 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистрален пат А2 во Крива Паланка, патничко моторно возило „мерцедес“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Р.С.(51) од село Дурачка река, удрило во пешаците Р.С.(73) и А.Ј.(76), по што возачот со возилото го напуштил местото.

Набргу, по преземени мерки возачот бил пронајден и лишен од слобода,соопшти МВР.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Р.С.(73), додека А.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Крива Паланка.

Поради сообраќајката беше воведена забрана за движење на сите видови возила во двата правца на А-2 Крива Паланка од клучка Експресен пат кон граничниот премин Деве Баир.

Поврзани вести