
Македонската фудбалска репрезентација вечерва со почеток од 20:45 часот гостува во Љубљана, кај репрезентацијата на Словенија. Фан зоната за македонските навивачи денес ќе биде лоцирана кај Трите моста во центарот на Љубљана.
Во 18:45 часот од фан зоната организирано ќе се тргне пеш кон местото за превоз, од каде што три автобуси ќе ги превезат македонските навивачи до стадионот „Стожице“ и нашиот навивачки сектор.
Сите навивачи кои сакаат да го користат организираниот превоз се замолуваат навреме да пристигнат во фан зоната, за да може превозот да се реализира според предвидената динамика.
По завршувањето на натпреварот, организиран превоз ќе има и од стадионот „Стожице“ до центарот на Љубљана.

Македонски

