Skip to main content

Свечено доделувањена наградата „Анте Поповски- Антево перо“ за 2026 година вечерва во Музејот на македонската борба

Прекрасниот амбиент на Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје ќе биде простор на централниот настан на деветото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ на втори октомври (петок) со почеток во 19:00 часот.
Низ програмата ќе нè води Александра Јуруковска, која ќе презентира кус приказ на најважните карактеристики кои му дадоа белег на годинешниот конкурс кој, годинава е во духот на одбележувањето на јубилејот – 95 години од раѓањето на Анте Поповски. Исто така, ќе проговориме и за одбележувањето на јубилеите – 30 години од објавувањето на книгата есеи „Окото, светлините“ и 25 години од објавувањето на маестралното поетско дело „Света песна“ од Анте Поповски.

За естетските вредности на збирките на добитнците на традиционалните поетски награди, „Антево перо“ „Антев златник“ и „Антев часовник“, во продолжение ќе се осврне  д-р Атина Цветаноска, член на жири-комисијата, по што ќе следи и врачување на наградите. Публиката ќе проследи и поетско читање, на кое ќе се претстават годинешните лауреати и авторите кои беа селектирани во потесниот избор за наградите.

Поврзани вести