Skip to main content

Убиство во Тетово, со автомат изрешетан голф, повредено и момче-случаен минувач

Полицијата врши увид на лице место околу сцената на злосторство на Тетово каде што е извршено убиство на еден маж. Убиениот бил во голф, а убиецот истрелал цел рафал кон автомобилот.

Според првичните информации убиецот користел автоматска пушка. Покрај убиениот, куршумите погодиле и случаен минувач-момче.

Најверојатно станува збор за убиство поврзано одмазда и нерасчистени односи. Полицијата засега не дава повеќе детали поради тековниот увид.

Поврзани вести