Skip to main content

Уапсено 16-годишно момче од село Дебреште, возело кола без положен испит, одземено му е возилото

На 17.02.2026 во 19:20 часот во с.Ропотово, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово лишија од слобода 16-годишник од с.Дебреште, општина Долнени.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото, без претходно положен возачки испит. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.