
Две момчиња од Трубарево се уапсени во Аеродром бидејќи палеле кабли. Според информација од Министерството за внатрешни работи, викендов полициски службеници од полициската станица во Аеродром ги лишиле од слобода Т.М.(23) и И.М.(26), двајцата од Трубарево. Нив ги пријавил вработен во општината Аеродром кој сведочел дека тие во парк на булеварот „Февруарски поход“ палеле кабли. Полицијата ги затекнала на лице место и лишила од слобода. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, за делото предизвикување општа опасност.