Skip to main content

Уапсен возач во врска со сообраќајката во Скопје во која загина 19-годишен мотоциклист

СВР Скопје лиши од слобода 46-годишен жител на Арачиново во врска со сообраќајната несреќа во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско.

Несреќата се случила на улицата „Радишанска“ во Скопје, каде се судриле автомобил „Алфа Ромео“ со италијански регистарски ознаки, управуван од 47-годишниот С.Б. од Скопје, и мотоцикл „Кавасаки“, управуван од 19-годишниот Н.М. од селото Побожје.

Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Возачот на „Алфа Ромео“ се здобил со телесни повреди и бил прегледан во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“.

Во текот на увидот, полицијата, по обезбедување на видео записи, дошла до сознание дека во предизвикувањето на несреќата учествувало и друго возило – „Сеат Алтеа“ со скопски регистарски ознаки.

Според МВР, „Сеат Алтеа“ немал физички контакт со мотоциклот и автомобилот, но учествувал во предизвикувањето на несреќата. По настанот, возачот го напуштил местото без да им укаже помош на повредените.

По преземените мерки, околу 19:40 часот во селото Арачиново било пронајдено возилото, како и неговиот 46-годишен возач С.О.

Тој бил лишен од слобода, спроведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести