Skip to main content

Турски државјанин пронајден починат во хотел на Бит Пазар

На 15.08.2025 во 07:37 часот во СВР Скопје е пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат А.З.(44) од Р.Турција.

-Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Поврзани вести