Skip to main content

Туфегџиќ: Снимката со лопата исклучува било каква поврзаност на таткото Александар со грабнувањето

Снимката со лопата е дока кој е предложен и од моја страна и со која се докажува дека на 24 ноевври 2023 година враќањето на Манев и Видевски за да ја земат лопатата а тоа е денот на неупешниот обид за грабнуваање, исклучува било каква улога на таткото во овој случај и оти сторителите имале јасна цел за егзекуција на личноста која е подоцна и грабната од зградата, објасни денеска бранителот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегчиќ.

Оваа секвенца е испуштена минатиот пат кога е презентиран овој доказ и затоа одбраната бараше да ова биде и наш доказ.Веќе се добиваат јасно контури на сторителите на убиството. и се исклучува било каква инволвираност по однос на изнуда и користољубие, односно целосно се исклучува улогата на таткото во овој настан.Во дополнението на доказна постапка ќе доставам докази за имот на Александар и постапка која се води за денационализација за значителен имот во Кучково,објасни Туфегџиќ.

Поврзани вести