Skip to main content

Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор, за 14 лица одбиени се жалбите

Постапувајќи по поднесени жалби од вкупно 17 осомничени, Основниот суд Кочани ги одби жалбите на 14 лица и ја потврди мерката притвор. За 3 лица мерката ефективен ја замени со куќен притвор, велат од Обвинителството за притворите на осомничените за пожарот во дискотеката Пулс каде загинаа 59 лица.

За двајца од нив, поранешни градоначалници на Кочани, ОЈО Кочани вложи жалба пред Апелацискиот суд Штип и побара да опстои мерката ефективен притвор.

Поврзани вести