
Седумнаесетгодишник од Скопје е приведен по пријава за обљуба и демнење.
Како што соопшти МВР, вчера во 16:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 17-годишник од Скопје, по претходна пријава од 40-годишна жена од Скопје, дека извршил обљуба врз нејзината 15-годишна ќерка од Скопје, а потоа ја демнел малолетничката и барал да му испраќа експлицитни фотографии и снимки.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Македонски

