Skip to main content

Тинејџер од Скопје се обидел да го убие својот татко

Тинејџер од Скопје доби кривична пријава за обид за убиство, откако со нож му нанел тешки повреди на својот татко.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘убиство во обид’,“ соопшти МВР.

На 06 септември 2025 година, во семејниот дом, пријавениот со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на својот 51-годишен татко, се додава во соопштението на Министерството.

Поврзани вести