Skip to main content

Тешко повредено прегазено дете во Скопје

 Малолетен пешак вчера бил прегазен од автомобил на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Вчера во 15:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(22) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се наведува во денешниот полициски билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Поврзани вести