
Малолетен пешак е тешко повреден во сообраќајна незгода која се случила вчера во Чаир, а возилото е одземено поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.
Како што соопшти МВР, вчера во 16:00 часот на ул.„Славеј Планина“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуванo од Б.С.(25) и малолетен пешак од Скопје.
Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој со возило на брза помош е пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Известен е јавен обвинител и по негови насоки возилото е одземено поради сторено кривично дело по член 297-а од страна на возачот Б.С. и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Македонски


