Skip to main content

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп во целосен прекин поради сообраќајна несреќа

Поради сообраќајна незгода што се случила вечерва, товарно моторно возило (ТМВ) е попречено на експресниот пат Градско – Прилеп, поточно кон селото Дреново.

Сообраќајот на овој дел од патот е во целосен прекин, а возилата се пренасочуваат по стариот пат низ село Росоман.

Надлежните служби се на терен и работат на расчистување и нормализирање на сообраќајот. Се апелира до возачите да бидат внимателни и да го следат насочувањето од сообраќајната полиција.

Поврзани вести