
Вчера во 23.30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ.А.(40) од Кавадарци.
Тој на улица „Илинденска“ во Кавадарци управувал патничко возило „пасат“ со бугарски национални ознаки со голема брзина и не пропуштил пешаци на обележан пешачки премин. Од страна на полициски службеници бил сопрен и возилото било привремено одземено по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Од извршените проверки било утврдено дека лицето го управувало возилото под активна забрана за ,,Б“ категорија, а воедно е утврдено дека има 1.7 промили алкохол во крвта.
Љ.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.