Skip to main content

Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште

Со пиштол на дијаболи во текот на вчерашниот ден било повредено девојче во училиште на подрачјето на општина Чаир, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Во 13:43 часот од основно училиште на подрачјето на Чаир било пријавено дека во училиштето, со пиштол на дијаболи, што го носел нивен ученик, повредена била малолетна ученичка.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во периодот од девет до 9:30 часот во училница, еден ученик го извадил пиштолот, што му бил одземен од друг ученик, кој пак испукал една дијабола и повредил ученичка. Таа била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување помош.

Пиштолот бил одземен од вработените, а увид извршила екипа од ЕВР – Чаир. По целосно документирање на случајот, како што наведуваат од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести