
Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје 83-годишна жена пријави дека од страна на едно лице била измамена за 30.000 евра.
Лицето ѝ се јавило телефонски и се претставил како лекар, по што ѝ рекол дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и дека требало да ја оперира, но пријавителката требало да плати. Откако се договориле, таа ги дала парите на лице на возраст од околу 60 години, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.