Skip to main content

Сакал да скрие марихуана во напуштен објект во Чаир, полицијата го забележала и го забркала

На 09.02.2025 година, околу 00.00 часот на подрачјето на Чаир, по претходно добиени сознанија и преземени мерки, полициски службеници од  Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ѓ.(20) од Скопје.

Имено, полициски службеници го забележале лицето како остава нешто во напуштен објект на подрачјето на Чаир. Откако му бил даден знак да го запре возилото со кое дошол, тој се обидел да побегне, но набргу бил фатен. Притоа, од него била одземена торбичка со остатоци од марихуана и пари во различни апоени, додека во напуштениот објект биле пронајдени и одземени две тегли со марихуана. Подоцна, по дополнителни проверки во истиот објект биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести