
Осомничените Сабахудин Рустеми и Аки Саити се во полициска станица Гази Баба и сè уште трае рокот од 24 часа за полициско задржување додека се подготвува кривичната пријава, објави Телма повикувајќи се на информации од обвинителствотo.
По пoднесувањето на кривична пријава, официјално се отвора истрага во чии рамки и доколку обвинителството оцени, може да се бараат и мерки за обезбедување на присуство на осомничените.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Сабахудин Рустеми беше приведен вчера, како и Аки Саити од Сарај, раководител во Кумунална хигиена, за несобирањето на ѓубрето во Скопје.
„Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП Комунална хигиена Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Истрагата за работата во ЈП „Комунална хигиена“ започна откако во Градот Скопје подолго време не се собираше сметот што доведе и до воведување мерки од страна на здравствените власти.

Македонски








