Skip to main content
Инцидент во Штип на натпревар меѓу пионерските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“

Родител на фудбалер на Шкупи нападнал двајца фудбалери на Брегалница до 15 години

Министерството за внатрешни работи информира дека е уапсен 43-годишен родител по инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу пионерските екипи на фудбалските клубови „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, во кој беа повредени двајца фудбалери на возраст од 15 години на ФК „Брегалница“.

На 24.08.2025 во СВР Штип било пријавено дека на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“ и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош, се вели во соопштението на МВР.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани вести