Skip to main content

Пронајден возачот кој прегази бебе во количка на пешачки сред Тетово и побегна

Вчера во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,ЈНА” се случила сообраќајна незгода, во кое патничко возило ,,пасат” со тетовски регистерски таблици, удрило во количка во кое седело петнаесетмесечно дете, кое на пешачки премин поминало со неговите родители Е.Х. и Ф.Х. од Тетово, и по незгодата напуштило лице место.

Веднаш било постапено и по пријавената потрага во 16.30 часот било пронајдено и обезбедено возилото управувано од А.М.(67) од с.Шипковица, за понатамошна постапка, соопшти СВР Тетово.

Во незгодата со телесни повреди се здобил малолетното дете констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово.

Поврзани вести