
Денеска продолжуваат завршните зборови на Обвинителството за убиствата на Вања и Панче Жежовски. Со завршните зборови ќе продолжат обвинителките Ана Стојковиќ и Жаклина Јосифовска откако на минатото рочиште тврдеа дека имаат цврсти докази дека обвинетите се сторители на двете убиства, додека Александар Ѓорчевски му дал информација на Палевски дека на 27.11 203 година Вања сама ќе оди на училиште.
Но, конкретни докази за тоа не понудија. По излагањето на обвинителките, ќе следат завршните зборови на обвинетите а прв треба да биде токму Ѓорчевски.