
Врховниот суд во периодот што следи треба да донесе одлука дали во судскиот случај во кој старателството на четиригодишното дете е доделено на таткото во Охрид, без да се наведе никаков аргумент против мајката, ќе внесе малку правда во животот на Невена Спасеска.
По спорните одлуки на судовите од Охрид и Скопје, како и по целосно пристрасната постапка, мајката на четиригодишното дете најмалку што заслужува е да биде со своето дете, кои и е одземено без да се наведе ниту еден аргумент против неа. Така било модерно во Европа, поточно „стеоротипите за природната улога на мајката биле општествено надминати“ , напиша судијката Жаклина Доведен во извршната пресуда, иако на сите им е познато што е „модерното“ и „општествено ненадминато“ и во овој случај.
Затоа и продолжува теророт врз мајката, пренесува А1он. Освен судската голгота, по правосилната пресуда, врз неа се врши силен притисок и закани од поединци во институции кои се возат со таткото да го предаде детето, без Центарот за социјална работа од Скопје да и даде решение кога ќе може да го гледа дететото. Тие сакаат да го земат детето со решение кое веќе не е во сила по правосилната пресуда, а со него досега беа регулирани средбите на таткото и детето. Уверуваат дека тоа решение е валидно за таткото, истото не важи и за неа. Ако го предаде детето, нема да може да го гледа затоа што не и се издава решение кое ќе ги регулира средбите со нејзиното четиригодишно дете.
Целата сторија на А1он