Skip to main content

Приведени ќерката и сопругата на сопственикот на „Пулс“

Приведени се и сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, тврдат извори на Република. Според информациите до кои дојдовме, при синоќешното приведување одземени се пет телефони, а ќерката и сопругата сѐ уште се наоѓаат во полиција.

Неофицијално, фалсификуваната лиценца за работа на дискотеката, издадена во времето на министерот за економија Крешник Бектеши, ја земала ќерката на Јованов.

Полицијата утрово врши претреси во другиот објект сопственост на газдата на дискотеката „Пулс“ и влезе за претрес во службените простории на Државен пазарен инспекторат во Кочани.

Поврзани вести