Skip to main content

Приведени Германец и Србин на Табановце – кај нив пронајдени марихуана и сомнителни фалсификувани евра

Двајца странски државјани се приведени на Граничниот премин Табановце, откако кај нив биле пронајдени марихуана и евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 25 јули, во 17:58 часот, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Х.Т. (24) од Германија и А.А. (27) од Србија.

При пасошка контрола, гранични проверки и преглед на возило „Хјундаи“ со германски регистарски ознаки, во кое двајцата биле сопатници, во личниот багаж на Х.Т. и кај него биле пронајдени марихуана и 34 банкноти во апоени од по 50 евра, за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

Кај А.А., пак, биле пронајдени марихуана и уште шест банкноти во апоени од по 50 евра, за кои исто така постои сомнение дека се фалсификувани.

Двајцата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово, а по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести