
Вчеравечер околу 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„10“ во с.Миладиновци, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(21) од с.Миладиновци, удрило во двајца малолетници од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишeн малолетник, а со телесни повреди се здобил 12-годишeн малолетник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Возилото било одземено, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Во координација со јавен обвинител, против Д.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска, пак, во 09.40 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(21) од с.Миладиновци, скопско, пријавил дека на 24.04.2025 во с.Миладиновци, по претходно случена сообраќајна несреќа, бил физички нападнат од неколку лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.