Skip to main content

Пожар во куќа во центарот на Штип

Во куќа на улицата „Мирче Ацев“ во централното градско подрачје на Штип претпладнево избувна пожар. Нема повредени во пожарот.

Десет пожарникари со три возила го гаснеа пожарот, кој ја зафати кровната конструкција на куќата.

Според информациите од командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов пожарот е ставен под контрола. Дополнително ќе се утврдува за причините на пожарот.

Поврзани вести