Skip to main content

Пожар во Долнени и на влезот во Крушево

ДЗС

Од вкупно седум регистрирани пожари на територијата на државата, по два се активни и ставени под контрола, а изгаснати се три, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Општина Долнени, кај селото Долгаец, каде гори мешана шума и во Општина Крушево, каде гори депонија на влезот од градот.

Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод, во „Јасен“, каде гори мешана шума и на планинатаа Кожуф во Општина Гевгелија, каде е зафатена висока шума.

Изгаснати се пожарите во Штип, кај селото Судик, во Дебар кај селото Елевци и во населбата Гоце Делчев во Куманово.

Поврзани вести