Skip to main content

Пожар кај МРТВ, густ чад се шири низ околината

Денеска попладне избил пожар во близина на зградата на МРТВ во Скопје, поради што густ чад се ширел низ околината, а мирисот на чад се чувствувал и во правец на трговскиот центар Ист Гејт.

Според информациите на „Фокус“, огнот најпрво ја зафатил сувата трева на теренот зад зградата на МРТВ, по што пожарот се проширил и на дрвјата во близина.

Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините поради кои избил пожарот.

Извор и видео тука Фокус

Поврзани вести