
На патот Валандово – Дојран, кај село Фурка, општина Нов Дојран, настанал пожар во патничко возило „фиат дукато“ со српски национални ознаки во движење, управувано од Г.З., 56-годишно лице од Република Србија. Ова било пријавено синоќа во 22:44 часот во Секторот за внатрешни работи – Струмица.
Како што соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, од екипа на Територијалните противпожарни единици – Гевгелија и Дојран, пожарот бил изгаснат, а повредени лица – нема.
Увид бил извршен.