
Возач на електричен тротинет се здобил со тешки повреди откако удрил во отворена врата на паркиран автомобил.
На 28.06.2025 oколу 13.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Борис Сарафов” во Скопје, Ф.К.(29) од Скопје, управувајќи електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, претходно паркирано од страна на Б.Б.(21) од с.Грчец, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје – велат од МВР