
Повреден припадник на Армијата е донесен на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, откако се здобил со повреди при извршување на службени задачи, наведено е во полицискиот билтен.
Како што било пријавено во СВР Скопје на 1 јануари 2026 година во 16:49 часот, во клиниките бил донесен Б.С. (44) од тетовското село Шемшево.
Според информациите, повредата настанала додека тој, како вработен во Армијата, извршувал работни обврски во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Македонски






