Skip to main content

Полицајците со денови спиеле на нива за да ги фатат одгледувачите на канабис, откри министерот Тошковски

МВР

Полициски службеници неколку дена спиеле на нива за да ги следат и фатат одгледувачите на канабис, кои нелегално си направиле плантажа сред Струмичко, откри министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој им се заблагодари на полициските службеници од Струмица за успешната акција. Како што соопшти вчера МВР, во акцијата откриена е нелегална плантажа со канабис во атарот на селото Секирник, на местото викано „Матник“. Одземени се околу 680 килограми стебла канабис, а приведени се две лица од Ново Село, на возраст од 34 и 30 години.

Според информациите од МВР, осомничените ја обработиле почвата, засадиле и одгледувале канабис во сокриен дел од парцелата. Истрагата покажала дека дел од производството било наменето за продажба на пазари надвор од Македонија.

Дрогата е детектирана и обезбедена, а луѓето кои што биле директно вклучени во рамки на процесот на производство и пуштање во промет на истата се обезбедени и ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Доколку вакви постапки во текот на годините почесто биле спроведувани немаше да бидеме до ова дереџе, изјави Тошковски.

Тој додаде дека ваквите акции покажуваат дека Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност се насочени кон откривање и процесуирање на кривични дела поврзани со производство и трговија со наркотични дроги. Против двете лица е поднесена пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Поврзани вести

edirne prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetpusulabetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmeritkingmeritkingholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobet