Skip to main content

Покрај кобната во Скопје, вчера имало други 4 тешки сообраќајќи во кои учествувале мотори

Возач и неговата сопатничка, двајцата од Скопје, ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на крстосница од бул.„Никола Карев“ и бул.„8 Септември“ во Скопје.

Покрај оваа несреќа, вчера низ Македонија се случиле уште четири несреќи во кои учествувале мотоциклисти.

Прво околу 17.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Г.(31) од Битола и мотоцикл „веспа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.П.(39) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Околу 18.15 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(25) од Куманово и мотоцикл „кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(30) од Куманово. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Вечерта во 21.10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп,  мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, управуван од Н.Е.(51) од Прилеп, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница во Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

Околу 22.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Кемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(43) од Скопје и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.И.(35) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот, Б.А.(38) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести