
ОСОСК, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, денеска (25.11.2025) спроведе претреси во домови и деловни простории на повеќе локации во Скопје, Куманово и Тетово, поради сомневања за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ во периодот 2021–2022 година, дознава Република.
Според првичните информации, предмет на истрагата се овластени службени лица од Агенцијата за стокови резерви, АГРО Берза, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и ангажирано вешто лице. Претресите биле спроведени за прибирање докази кои ќе послужат во понатамошната постапка.
Од досега утврденото, осомничените со неизвршување на службените должности овозможиле да биде извршен отпис на 1.500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 килограми јачмен од државните стокови резерви, со што била нанесена штета на буџетот во висина од околу 780.000 евра.
За кривичното дело се осомничени:
Н.Р. – службено лице, раководител во Агенцијата за стокови резерви – Скопје, осомничен за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.
Р. А. – директор на Агенцијата за стокови резерви – Скопје, осомничен за истото кривично дело по член 353 од КЗ.
Т.К. – раководител во Агенцијата за стокови резерви – Скопје, осомничен по член 353 од КЗ.
Т.Д. – поранешен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, осомничен за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 4 од КЗ.
М.П. – вешто лице при Бирото за процена од областа на земјоделството, осомничен за кривично дело по член 353 став 4 од КЗ.
Истражните активности продолжуваат, а прибраните докази ќе бидат дел од понатамошната постапка што ја води ОЈО Скопје.

Македонски








