Skip to main content

Пет лица повредени во сообраќајката кај штипската населба Три чешми

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа, која утринава се случи кај штипската населба Три чешми.

Од Клиничка болница Штип информираат дека повредените не се во животозагрозувачка состојба, а од нив две лица се на Одделението за ортопедија, а три се на Хирургија.

Во тек се испитувањата и снимањата на пациентите. Несреќата се случи по 7 часот меѓу камион и автомобил.

Поврзани вести