
Првообвинетиот Љупчо Палевски се отткажа од сведокот со кој наводно заедно чекале ред во банка на 27 ноември 2023 година.Овој датум e важен бидејќи на тој беше грабната и убиена Вања Ѓорчевска. Според Палчо, тој околу 10 часот критичниот ден бил во банка во Буњаковец и вршел некоја уплата. Со него во редот бил и Мартин Панчевски, професор во пензија. Судот имаше неколку обиди да му врачи покана но безуспешно.
Последниот обид судкиот курир го пронашол но Панчевски не сакал да ја прими поканата ниту да се потпише па ја оставиле во неговото поштенско сандаче. Судијата Стефановски го праша Палевски дали сака сведокот да биде донесен во судот на што Палевски рече дека се откажува од неговото сведочење.
Палевски денеска инстититраше да му ги обезбедат снимките од камерите на „Смарт сити“ од 22 ноември 2023 година од мостот кај нова железничка станица кај бензиската станца кај поранешно Сајмишто. Тој тврди дека на на тие камери се гледа „кангуто“ во 0 часот и 15 минути. Обвинителството во снимките што претходно ги презентираше тврди дека критичната ноќ „кангуто“ се наоѓа пред куќата на Велибор Манев додека го подготувале грабнувањето на Жежовски.
За овие снимки судијата Стефановски рече дека не се доставени.