Skip to main content

Пациент во болницата во Бардовци нападнал друг пациент со остар предмет

МИА

На 14.08.2025 околу 09:00 часот во СВР Скопје од ЈЗУ „Психијатриска болница Скопје“ е пријавено дека на 13.08.2025 околу 23:50 часот во болницата М.С.(49) од Скопје со остар предмет го нападнал А.С.(39) од с.Горно Коњари, скопско, информира МВР.

И М.С. и А.С. биле на лекување во болницата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести