Skip to main content

Обид за силување на 52-годишна жена во Дебар

Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривична пријава против албански државјанин поради кривично дело „полов напад“.

Кривична пријава е поднесена против М.Ф.(39) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад“. На 6 мај годинава во Дебар, пријавениот физички нападнал 52-годишна албанска државјанка и се обидел да изврши обљуба врз неа, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него,  полициски службеници од ОВР Дебар веднаш го пронашле и лишиле од слобода, по што судија на претходна постапка при Основниот суд во Дебар му одреди мерка притвор од осум дена. 

Поврзани вести