Skip to main content

Нови пријави за семејсно насилство

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие две лица се лишени од вкупно пет пријави за семејно насилство.

Полициски службеници од Полициска канцеларија Градско вчера во 15:35 часот во Градско го лишиле од слобода М.М.(50) од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека извесен период ја малтретирал неговата 47-годишна невенчана сопруга, а на 15.06.2026 кога во домот физички ја нападнал. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 11:45 часот во ОВР Кавадарци, 25-годишна кавадарчанка пријавила дека подолг период била малтретирана од нејзиниот поранешен сопруг, а последно на 14.06.2026, кога тој дошол во нејзиниот дом и по вербална расправија физички ја нападнал. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Полициски службеници од СВР Скопје виноќа во 22:40 часот го лишиле од слобода А.Б.(56) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 50-годишна сопруга дека подолг временски период, таа и нејзините деца, биле психички и физички малтретирани од него. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж пријавил дека на 18.06.2026 околу 16:30 часот, во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата сопруга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Утринава во 06:15 часот во СВР Скопје, ПС ОН Аеродром , 37-годишна жена пријавила дека на 19.06.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 37-годишен маж. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Поврзани вести