Skip to main content

Kaде ќе замине досегашниот менаџер на Ливерпул?

 Досегашниот менаџер на Ливерпул, холандскиот стручњак Арне Слот ги изненади сите со својата одлука. Тој реши да ја одбие можноста да биде селектор на репрезентацијата на Холандија.

–   Сакам да останам во европскиот клупски фудбал, изјави Слот.

Последните денови се појавија информации дека е главен кандидат за нов селектор на Холандија, но сепак до соработка меѓу холандскиот тренер и фудбалската федерација на Холандија нема да дојде.

Тоа значи дека федерацијата ќе треба да бара нов селектор.

Слот имаше успешна прва сезона во Премиер лигата и освоен титула со Ливерпул, но сепак по втората сезона и слабите резултати доби отказ од Енфилд.

Поврзани вести