
Македонија и денеска ќе биде под влијание на стабилно, сончево и многу топло време, со само мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, додека утринските температури ќе се движат меѓу 12 и 20 степени. Во текот на денот максималната температура ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува претежно сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според најновата прогноза на УХМР, топлиот бран ќе продолжи и во текот на следната седмица. До нејзиниот крај ќе преовладува сончево и многу топло време, а од среда се очекува дополнително зголемување на температурите.
Во најтоплите региони од државата дневната температура локално ќе надмине и 40 степени Целзиусови, поради што се препорачува граѓаните да избегнуваат подолг престој на отворено во најтоплиот дел од денот и да внесуваат доволно течности.

Македонски


