Skip to main content

Норвежанец дивеел на летот до Скопје, приведен е веднаш по слетувањето

Полицијата ноќва во 1:30 часот на Меѓународен аеродром Скопје го привела А.С.(44) од Норвешка, постапувајќи по претходна пријава дека во авионот во кој патувал од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.

Како што информира МВР, при обид да биде извршен службен разговор со А.С, тој агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Поврзани вести