
Од OOУ „Гоце Делчев“ во Илинден вчера соопштија дека ненадејно почина нивната колешка Ивана Тушевска.
Почитувани колеги, родители и ученици со длабока тага и жал во душата Ве информираме дека нашата млада, почитувана и сакана пред се личност, колешка и наставничка Ивана Тушевска вчера почина ненадејно.
Изразуваме длабоко и искрено сочувство до семејството, родителите, роднините и сите кои ја познаваа, соработуваа и почитуваа Ивана
Вечна слава драга наша колешка.
Остави белег вечно да те паметиме.
Мирно небо…
Почивај во мир, споделија нејзините колеги.
Погребот е денеска во 12:00 часот на гробиштата во Илинден (кај Мултипром), додека последниот поздрав почнува од 11:00 часот во црквата Св.Елена и Константин.