
Вчера во 18.40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.Д.(34) од Прилеп и И.А.(37) од Битола.
Тие биле пријавени од фудбалерот на ФК Струга Трим Лум, М.Р.(30) од Прилеп дека околу 18.00 часот кај Градскиот стадион во Тетово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу Ф.К. Шкендија и Ф.К. Струга Трим Лум, физички го нападнале во возило со прилепски регистарски ознаки.
Според пријавеното, откако М.Р. излегол од стадионот го забележал Д.Д., со кого се познавале од порано, а кој го повикал во возилото во кое бил и И.А., по што физички го нападнале.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од СВР Тетово.