
Основното јавно обвинителство поведе истражна постапка за два грозоморни случаи за силување деца помали од 15 години во Тиквешијата.
Во првиот случај, 14-годишно дете било сведок на сексуален чин и било принудено да го снима со телефон. Во другиот случај, татко од Кавадарци е осомничен за полови дејствија спрема неговата 13-годишна ќерка.
Во првиот случај, осомничени се двајца од Неготино, кои најпрво имале сексуални односи пред дете и го натерале да ги снима со телефон. Потоа, лани во јули, еден од двајцата осомничени повеќе пати го наведувал детето на сексуални односи со него за што му давал одредени парични средства.
Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот за силување на дете, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 8 години.
Кавадаречкото обвинителство води постапка и предложи мерка притвор и против татко од Кавадарци осомничен за други полови дејствија спрема неговата 13-годишна ќерка.
Тој во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати, со што постои сомнение дека сторил кривично дело од ставот 5 на членот 188 за кое е предвидена казна затвор од најмалку три години.

Македонски




