Skip to main content

Мажи нападнале полицаец, едниот направил хаос во болница – поради ова ќе добијат казна

На 15.02.2025 во 03:00 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Ј.Т.(31) и К.М.(33), двајцата од Кавадарци, затоа што во угостителски објект во Кавадарци физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени задачи.

Ј.Т. и К.М. се задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

На 15.02.2025 во 05:10 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода и З.П.(36) од Кавадарци, затоа што кога вршеле спровод во Општа болница Кавадарци на лицето Ј.Т.(31), за да му се изврши лекарски преглед, кога стигнале во болницата, З.П. ги спречувал полициските службеници во вршењето на службените дејствија.

Исто така и З.П. бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

По документирање на настаните против Ј.Т., К.М. и З.П. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани вести