Skip to main content

Малолетник повреден од огнено оружје на подрачјето на Бит Пазар

Момче на возраст од 16 години било повредено од огнено оружје во пределеот на едната рака, на подрачјето на Бит Пазар, во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, настанот бил пријавен вчера во 15.39 часот во СВР Скопје дека се случил на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, кога едно лице од огнено оружје пукало во 16 – годишник од Скопје и го напуштило местото.

Притоа, малолетникот се здобил со прострелна рана на раката и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид и на местото биле пронајдени неколку чаури и еден куршум.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести