
Четворица млади биле лишени од слобода синоќа во Кавадарци и им била одземена бела грутчеста материја, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Синоќа во 22:30 часот во село Ваташа, Кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Г.С.(25) од село Војшанци, Неготинско, С.П.(22) од село Тремник, Неготинско, М.Б.(25) од Неготино и 20-годишната Н.Т. од Кавадарци, затоа што при преглед кај нив, кај Г.С. била пронајдена и одземена бела грутчеста материја, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека Г.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе била поднесена соодветна пријава.